

Нашата приказна
Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка е основано со цел да ги промовира и зајакне културните, економските и образовните односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија. Преку нашите активности, овозможуваме поблиско запознавање со јапонската култура и традиција, како и создавање нови можности за соработка во различни сфери.
Ние организираме различни настани како патувачки изложби, предавања од експерти и културни програми кои ја збогатуваат локалната заедница со јапонската култура, историја и современ живот. Во соработка со Јапонската амбасада, го одбележуваме 35-годишното пријателство со Јапонија преку проекти кои промовираат културна размена и научна соработка.
Нашата мисија е да изградиме трајни врски на пријателство и соработка меѓу двата народа, отворајќи пат за заеднички проекти и иницијативи кои ќе донесат корист на нашите заедници. Со посветеност на овие цели, Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка продолжува да биде мост помеѓу Македонија и Јапонија.

На 26.04.2025 во КИЦ, Друштвото за Македонско-Јапонско пријателство и соработка одржа свечена седница одбележувајќи точно 35 г. од формалната регистрација на здружението.

На 29 април 2024 година се одржа Собрание на Друштво на МАКЕДОНСКО ЈАПОНСКО пријателство и соработка на кое беше извршен избор на нов Извршен одбор на друштвото.

На 22 ноември 2021 година се одржа свеченото отворање на изложбата „Јапонија низ фотографии“ во присуство на г-дин Хиронори Савада.
(+389) 72 233 529
mkjp.friendship@gmail.com
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Proudly powered by WordPress